Вимблдон 2019: Тајбрејк на 12-12, повеќе пари за шампионите…

Наградниот фонд за годинешното издание на „Вимблдон“ повторно ќе биде зголемен и ќе изнесува 38 милиони фунти, соопштуваат од „Ол ингланд клубот“. Шампионите во машка и женска конкуренција ќе заработат по 2,35 милиони фунти, што е за 100.000 фунти повеќе од минатата година.

Организаторите го зголемија наградниот фонд и за тенисерите и за тенисерките кои натпреварувањето ќе го завршат во првите кола. Заработката на квалификантите и тие што настапот ќе го завршат во првите три кола ќе биде за 10 проценти поголема од минатата сезона.

На терените на Вимблдон нема да се користи часовникот кој ќе го одбројува времето за сервирање, а од новитети прифатено е во одлучувачкиот сет тај-брејк да се игра на резултат 12-12. Титулите од минатата година ќе ги бранат Новак Ѓоковиќ и Анжелик Кербер.

Се вчитува...