Наинголан ја отслужи казната, ќе игра против Интер

Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан ќе биде во конкуренција за настап против Интер, мечот од 21. коло со кој го започнуваат вториот дел во Серија А. Неговиот тренер, Франческо Де Еузебио истакна дека проблемите со Белгиецот се решени, и дека си ја отлужи казната за видеото кое го објави, на кое јасно се гледа како користи цигари и алкохол.

Наинголан беше казнет со 100.000 евра (една третина од неговата месечна плата) од клубот, а мечот против Аталанта го проследи од клупа, во кој Рома доживеа пораз од 2-1 пред своја публика. Не се знаеше дали казната на белгискиот репрезентативец ќе биде само еден меч, или пак ќе одмори подолго време на клупата, сепак Де Еузебио знае дека популарниот „нинџа“ и тоа како му е потребен за дербито против „нероаѕурите“.

„Нема никакоv проблем со Раџа, тоа е сега минато. Против Интер ќе биде стартер, потребен ние за еден ваков меч“, истакна Де Еузебио.

Се вчитува...