Наинголан: Ќе докажам дека Интер погреши

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан е уверен дека ќе му докаже на раководството на Интер дека погрешило што го пуштило да замине во Калјари. Тој не се снајде најдобро во Милано по трансферот од Рома, па заедно со Икарди беше отстранет од екипата и ставен на трансфер-листа, по што од неколкуте понуди ја избра онаа на клубот од Сардинија.

„Мило ми е што се вратив дома. Одлуката беше моја и се надевам дека ќе покажам дека беше добра. Сега е голем предизвик пред мене. Ќе се обидам да бидам најдобар што можам и да им докажам во Интер дека погрешија што ме продадоа“, изјави Наинголан. 

Тој се врати редовите на Калјари, клуб во кој играше и во периодот од 2010 до 2014 година.

Се вчитува...