Фудбалерот за врска на Рома, Раџа Наинголан, е на чекор до комплетирање на трансферот во редовите на Гвангжу Евергранде за сума од 50 милиони евра. Според италијанскиот медиум „Газета дело спорт“, тренерот на кинескиот шампион Фабио Канаваро веќе преговарал со претставниците на играчот, како и со тренерот Еузебио ди Франческо околу евентуалната преселба на Белгиецот. Доколку ја прифати понудата, Наинголан ќе заработува 12 милиони евра годишно, односно 36 милиони евра за тригодишниот договор.
Раководството на кинескиот клуб смета дека Наинголан е идеална замена за Паулињо, кој минатото лето стана нов член на Барселона за сума од 40 милиони евра.
Иднината на белгискиот репрезентативец во редовите на „римската волчица“ е под знак прашање поради неговото непрофесионално однесување во последниот период. Фудбалерот пред неколку седмици ја прославуваше новата година снимајќи се како пуши цигари, пие алкохол, а тоа воопшто не им се допадна на раководните луѓе на клубот. Затоа оваа богата понуда од Кина се очекува Рома да ја прифати и да инкасира 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА