Наинголан на крајот го избра Калјари

Белгискиот интернационалец Раџа Наинголан кариерата ќе ја продолжи во Калјари, тим за кој настапуваше од 2010 до 2014 година.

31-годишниот фудбалер беше на чекор од Фиорентина, меѓутоа на крајот пресуди желбата да се врати на Сардинија, од каде потекнува неговата сопруга која има проблеми со здравјето.

Наинголан во Калјари ќе замине на едногодишна позајмица, а се очекува Интер да покрие најмалку три милиони од платата која ќе му изнесува 4.5 милиони евра.

 

Се вчитува...