Наинголан: Од Рома заминав по вина на само еден човек

Раџа Наинголан, и ова, како и минатото лето, го промени клубот. Откако Антонио Конте го прогласи за вишок фудбалерот од средниот ред од Интер се пресели во Каљари, а претходно меѓу „нераѕурите“ пристигна од Рома.

„Заминувањето од Рома беше многу болен удар за мене, беше тоа одлука на личност која исто така замина… Одлука која мора да се донесе, а за која потоа залудно е да се жали“ – вели Наинголан во разговор за „Скај спорт“, осврнувајќи се на своето фудбалско минато.

„На крајот, пак сум некако среќен со својата кариера и се надевам дека ќе имам уште причини за задоволство. Имам уште волја“.
Иако не сакаше да ја именува личноста поради која замина од Рома, Наинголан мислеше на порашениот спортски директор на „римската волчица“, Мончи.

Се вчитува...