Наинголан пред потпис со Фиорентина

Белгискиот интернационалец Раџа Наинголан е пред трансфер во Фиорентина. По доаѓањето на Антонио Конте, тој е ставен на трансфер-листа во редовите на Интер, а „виолетовите“ сакаат да ја искористат ситуацијата и со него да го засилат средниот ред.

Фиорентина го доведе Кевин Принс Боатенг од Сасуоло, а тренерот Винченцо Монтела би сакал да го придодаде и Наинголан за уште поголемо искуство во маневарот. Белгиецот дојде во Интер за сума од 40 милиони евра, а сега би можел да замине и за речиси двојно помалку во тимот од Фиренца.

Се вчитува...