Интер и Јувентус ремизираа 1-1 на „Џузепе Меаца“ во „Дербито на Италија“. Шампионот остана непоразен во Милано, а Интер направи уште еден чекор напред кон обезбедување пласман во Лигата на шампионите.
„Нероаѕурите“ стигнаа до водство со прекрасниот гол на Раџа Наинголан во седмата минута. Интер имаше доминација во првиот дел, но потоа како да се задоволи со предноста, се повлече, а тоа Јувентус умееше да го искористи за да израмни. Португалскиот ас Кристијано Роналдо во 62.минута донесе реми за „старата дама“ на овој дуел.
Јувентус и официјално ја одбрани шампионската титула, а Интер се наоѓа на третата позиција со 62 бода, четири повеќе од четвртопласираниот тим на Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА