Нај, нај на СП 2026: Босански специјалисти за реми, перфектниот Ричардс

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…

Канадскиот селектор Џеси Марч е првиот американски тренер што води некоја друга репрезентација на фудбалски мундијал.

Канада имаше шест порази во низа на мундијалите, а синоќешното реми со БиХ е прв освоен бод на оваа селекција на мундијалите.

БиХ има шест реми во низа, најдолга серија на нерешени средби во историјата на оваа селекција. Пет од овие шест реми завршиле со идентични 1-1, а единствениот меч 0-0 е оној со Македонија на пријателскиот меч одигран во Сараево.

Канада имаше четири удари во рамките на противничкиот гол, рекорд на оваа селекција за еден меч од светските првенства.

Јово Лукиќ беше стрелец на единствениот гол за БиХ. Босанците досега имаат постигнато пет гола на мундијалите, од пет различни стрелци (Лукиќ, Џеко, Врсајевиќ, Пјаниќ, Ибишевиќ).

Кајл Ларин мина на теренот само 121 секунда  пред да постигне погодок, со својот прв допир со топката.

Со 18 години и 264 дена, Керим Алајбеговиќ стана најмладиот фудбалер што настапил за БиХ на еден фудбалски мундијал.

Фото: Facebook/U.S. Soccer

Првиот погодок на Американците (6:48) е трет најбрз гол што една домашна селекција го постигнала на премиерниот меч од СП, зад Франција (0:35) на СП 1938 и Германија (5:08) на СП 2006.

Крис Ричардс ги комплетираше сите 83 додавања што ги имаше на натпреварот, со што Американецот стана прв со стопроцентен ефект во оваа категорија уште од 1966 година.

Американците стигнаа до четири автогола во нивна корист на мундијалите, со што се на делба на второто место (со Германија и со Италија). Франција е репрезентацијата што профитирала со шест автоголови, најмногу во историјата на светските шампионати.

Балогун е само вториот американски фудбалер што постигнал повеќе од еден гол на меч од СП. Првиот е Берт Патенауде, кој постигна хет-трик на СП 1930, и тоа исто така против Парагвај.

Се вчитува...