Нај, нај на СП 2026: Џабе се шутевите, се бројат головите

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…

Швајцарците имаа дури 26 шутеви кон противничкиот гол, најмногу за селекција што доминирала, но не успеала да триумфира на мундијалски меч. Исто така, 26 шутеви имаше и Германија на СП 2022 против Јапонија, на мечот што Германците го загубија со 1-2.

Мароко го постигна првиот гол и го освои првиот бод на мундијалите кога против себе има ривал од Јужна Америка. Мароканците претходно загубија со по 3-0 од Перу на СП 1970 и од Бразиил на СП 1998.

Мароканците имаа дури 12 шутеви кон голот на Алисон Бекер во првото полувреме, но во вториот дел немаа обид се до деветтата минута од судиското продолжение.

фото: Facebook/ Équipe du Maroc

Мароко стана само втората репрезентација во историјата што имала пет шутеви кон голот на Бразил во првите десет минути од еден мундијалски меч. Претходно тоа успеало само на Португалија во далечната 1966 година.

Винисиус го постигна својот десетти гол за Бразил, од кои три се постигнати на американско тло. Бразил досега имаше осум победи на осумте средби на кои Винисиус се запишал меѓу стрелците, серија што беше прекината со ова реми.

Шкотите славеа над Хаити, прва победа на оваа селекција по онаа од СП 1990 кога славеа над Шведска со 2-1. Исто така, ова е прва победа на Шкотска од 1-0 во историјата на мундијалите.

Хаити имаше 60% од поседот на топката по водечкиот гол на Мекгин во 29. минута. Од тој момент, фудбалерите на Хаити упатија дури 12 удари кон голот на Шкотите, наспроти само три на шкотските репрезентативци.

Арда Ѓулер имаше осум шутеви кон противничкиот гол, рекорд во досегашните три дена од СП 2026. Турците имаа вкупно 30 удари кон противничкиот гол, најмногу во послените 20 години од мундијалите за селекција што не успеала да постигне погодок на тој меч. Рекордот во оваа категорија е сопственост на Португалија, со 31 удар кон голот на Англија на СП 2006.

Австралија имаше 28,3% посед на топката, најнизок процент за било која селекција на овој мундијал, најнизок и во историјата на австралиската репрезентација на светските шампионати. Сепак, се бројат головите и бодовите, а не шутевите и поседот на топка.

Се вчитува...