Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Четири порази по ред на СП во ист град, тоа е неславниот рекорд на Чешка по синоќешниот неуспех во Гвадалахара против Јужна Кореја. Чехословачка ги загуби трите средби во овој мексикански град на СП во 1970 година, а денешниот неуспех беше четврти во низа за чешкиот национален тим.
Хванг ин-Беом имаше најмногу успешни додавања на натпреварот (73). Тоа е втор најдобар скор на еден корејски фудбалер во историјата на СП, рекордот исто така е сопственост на Хванг ин Беом, кој имаше 79 успешни додавања пред четири години, на дуелот со Гана.

Голот на Соучек беше прв по пауза од осум години што е постигнат по асистенција директно од аут. Последен ваков погодок на мундијалите беше дело на Данецот Занка, против Хрватска на СП 2018.
Трите црвени картони покажани на дуелот Мексико – Јужна Африка се апсолутен мундијалски рекорд за број на исклучувања на едно отворање на СП.
Гилјермо Мора стана шести најмлад фудбалер што дебитирал на светските шампионати. Со влегувањето во второто полувреме, мексиканскиот бисер со 17 години и 240 дена се најде веднаш зад легендарниот Пеле, кој своето мундијалско деби го имаше на 17 години и 235 дена.

Јужна Африка е првата селекција со два црвени картони (Зване и Ситхоле) на меч од СП откако Холандија и Португалија добија по две исклучувања во нивниот меѓусебен дуел на СП 2006.
Раул Хименез го постигна својот прв мундијалски погодок на возраст од 35 години и 37 дена. Пред него на оваа листа е само Иранецот Јахија Голмохамади, кој во 2006 година го постигна својот прв мундијалски погодок на возраст од 35 години и 84 дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
