Нај, нај на СП 2026: „Невидливите“ Кејн и Белингем и дриблерот Меси

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…

Аргентина стигна до своето седмо мундијалско финале, со што сега е на второто место на ова рангирање зад Германија со 8.

Ова е вторпат „гаучосите“ да врзат две мундијалски финалиња, откако претходно успеаја  такво нешто 1986/1990.

Англија е елиминирана во последните три полуфиналиња на светските првенства (1990, 2018,, 2026).

Пет од последните шест елиминации на Англија од големите натпреварувања беа со резултат 1-2.

Големото финале Шпанија – Аргентина ќе биде прво во историјата во кое ќе се сретнат актуелниот европски првак и актуелниот шампион на Јужна Америка.

Хари Кејн и Џуд Белингем имаа по НУЛА допири со топката во аргентинскиот шеснаесетник во ова полуфинале.

Лионел Меси имаше девет успешни дриблинзи на овој дуел, најмногу на еден меч од СП 2026.

Во периодот од 66:05 до 84:42 (вкупно 18 минути и 37 секунди), Англичаните имаа само две успешни додавања.

 

Се вчитува...