Најава за мега-трансфер: Димитријевиќ потпиша со најдобриот менаџер во Европа!

Ненад Димитријевиќ игра во одлична форма во дресот на Хувентуд, максимално користејќи ги шансите иако не добива преголема минутажа во овој шпански клуб. Квалитетот на македонскиот плејмејкер е очигледен, а најдобра потврда за тоа е фактот што Димитријевиќ потпиша договор со најдобриот кошаркарски менаџер во Европа, Мишко Ражнатовиќ. Станува збор за агент кој се грижеше за кариерата на Перо Антиќ, а кој застапува бројни врвни кошаркарски имиња како Спанулис, Шариќ, Жижиќ, Дејвис, Диксон…

„Кога ќе ти се јави најдобриот менаџер и ќе каже дека сака да те застапува, не се размислува премногу. Тоа е голема чест, но и обврска да продолжам со напорна работа“ – изјави Димитријевиќ за ЕКИПА.

Со оглед на фактот дека договорот што Македонецот го има со Хувентуд e блиску до завршување, потписот на Димитријевиќ со агенцијата „Беобаскет“ во сопственост на Ражнатовиќ е најава за голем трансфер во текот на летото.

Се вчитува...