Најава за „развод“: Куман бара безрезервна поддршка, Лапорта бара нов тренер

Ситуацијата во Барселона не се смирува. По бурното лето во кое останаа без Лионел Меси и Антоан Гризман се уште работите не можат да се смират.

Роналд Куман требаше да одржи прес-конференција пред мечот со Кадиз во Ла лига, но тој само го прочита своето соопштение и ја напушти просторијата.

„Клубот е со мене во процесот на реконструкција. Економската ситуација е поврзана со спортот. Како клуб мораме да го обновиме тимот, а за тоа е потребно време. Нашите таленти за неколку години може да бидат светски ѕвезди. Младите играчи ќе имаат шанса како што ја имаа Чави и Иниеста, но мора да бидеме трпеливи. Место на врвот на табелата би било успех. Во Лигата на шампионите не можеме да очекуваме чудо. Поразот од Баерн Минхен треба да се разгледа од повеќе перспективи. Тимот мора да се подржи со зборови и дела. Знам дека овој процес ќе биде препознаен“, изјави Куман. 

Додека Куман вели дека има поддршка од раководството, Жоан Лапорта веќе ја бара неговата замена, а како најголем фаворит се споменува селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

Се вчитува...