Најавени состави ЛШ: Баварската машина нема потреба да се менува, Лион со двајца напаѓачи

Баерн Минхен изгледаше страшно против Барселона, го декласира каталонскиот гигант со 8-2, па тренерот Ханси Флик нема потреба ништо да менува во функционирањето на баварската машина. Ќе го одреди истиот стартен состав кој пред пет дена „леташе“ на теренот во Лисабон.

Руди Гарсија најави дека ќе смисли соодветна тактика и за Баерн Минхен, дефанзивно тимот на Лион делува одлично, а овојпат двојниот стрелец Муса Дембеле од дуелот со Сити ќе игра во тандем со Мемфис Депај во нападот на францускиот тим.

ЛИГА ШАМПИОНИ, 1/2 – ФИНАЛЕ

ЛИОН: Лопес, Денајер, Марсело, Марсал, Дубоа, Какере, Гимараеш, Ауар, Корне, Депај, Дембеле.

БАЕРН МИНХЕН: Нојер, Кимих, Боатенг, Алаба, Дејвис, Горецка, Тијаго Алкантара, Перишиќ, Милер, Гнабри, Левандовски.

 

Се вчитува...