Најавени состави ЛШ: Тешко на Лајпциг, ПСЖ со „огненото трио“ и со Ди Марија како ‘бек-ап’

Пари Сен Жермен се извлече против Аталанта, негативата ја претвори во победа од 2-1 во судиското продолжение од мечот, а иако не беше стрелец – разликата ја направи Килијан Мбапе кога влезе во игра во второто полувреме. Томас Тухел го штедеше затоа што беше повреден, но сега е „фит“ и најавен е во првиот состав на ПСЖ за вечерашната полуфинална пресметка против Лајпциг. „Огненото трио“ – Нејмар, Икарди, Мбапе ќе биде на сцената, а ќе има ‘бек-ап’ и од Анхел Ди Марија. Единствено ќе недостига Марко Верати во средниот ред, но шанса ќе добие Леандро Паредес.

На голот ќе биде Серхио Рико, со оглед дека Кејлор Навас не е подготвен, а се повреди токму против Аталанта.

Лајпциг нема големи ѕвезди во тимот, но младиот стратег Џулијан Нагелсман апсолутно им верува на своите „војници“. Ќе се обидат да направат уште една сензација и да стигнат до големото финале. Повторно се во улога на аутсајдери како и на претходниот дуел со Атлетико Мадрид, но дефинитивно нема да имаат подредена улога и на теренот.

ЛИГА ШАМПИОНИ, 1/2 – ФИНАЛЕ

ЛАЈПЦИГ – ПСЖ

ЛАЈПЦИГ: Гулаши, Клостерман, Упамекано, Халстенберг, Лајмер, Сабицер, Кампл, Анхелињо, Олмо, Полсен, Нкунку.

ПСЖ: Рико, Керер, Тијаго Силва, Кимпембе, Бернат, Маркињос, Паредес, Ди Марија, Нејмар, Икарди, Мбапе.

 

Се вчитува...