Најавени состави за ЛЕ: Интер без Алексис Санчез во лов на европско финале

Антонио Конте ќе го нема на располагање Алексис Санчез поради повреда на бутниот мускул, но, сепак, има доволно офанзивен арсенал во пресрет на вечерашната полуфинална пресметка во Лигата на Европа против Шахтјор Доњецк.

Напаѓачкиот тандем Ромелу Лукаку – Лаутаро Мартинез треба да биде најголемата опасност кон голот на Пјатов, со интенција „нероаѕурите“ да продолжат по победничкиот пат кој го градат на пет од последните шест натпревари во оваа конкуренција. Покрај Алексис Санчез, во таборот на Интер ќе недостига и Матијас Весино.

Лукаку постави нов рекорд постигнувајќи гол на последните девет меча, а од другата страна Жуниор Мораеш е најопасниот стрелец на Шахтјор Доњецк и се запиша во листата на последните три настапи.

Интер во четвртфиналниот дуел го совлада Баер Леверкузен со 2-1, а Шахтјор Доњецк беше поубедлив и го победи Базел со 4-1. Полуфиналниот меч се игра на „Меркур – Спил арена“ во Диселдорф, а главен судија е Полјакот Симон Марсиниак. Прв финалист во Лигата на Европа е тимот на Севилја, кој синоќа го елиминира Манчестер Јунајтед со 2-1.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 – ФИНАЛЕ, НАЈАВЕНИ СОСТАВИ

ИНТЕР: Хандановиќ, Годин, Де Фрај, Бастони, Д’Амбросио, Барела, Брозовиќ, Галјардини, Јанг, Лукаку, Мартинез.

ШАХТЈОР: Пјатов, Додо, Кривцов, Бондар, Матвијенко, Маркос, Степаненко, Марлос, Алан Патрик, Тајсон, Мораеш.

 

 

Се вчитува...