Најавени тимови: Баерн без најдобриот, ПСЖ без „мозокот“ на тимот

Баерн Минхен и ПСЖ вечерва ќе ги одмерат силите во првиот четвртфинален дуел од Лигата на Шампионите, реприза на големото финале од ланското издание на елитното европско натпреварување.

Баерн Минхен е сериозно ослабен бидејќи во тимот ќе го нема најдобриот стрелец Роберт Левандовски, а тренерот Флик вчера остана и без помошта на Гнабри, откако офанзивецот доби позитивен резултат на тетирањето за коронавирус. Во таква ситуација, Флик е принуден да стартува со Чупо Мотинг, кој ќе има можност да се докаже токму против својот поранешен клуб.

Со проблеми се соочува и Покетино, кој не може да смета на неколку стандардни првотимци. Најголема главоболка дефинитивно ќе претставува неиграњето на Верати, кого го сметаат за „мозок“ на тимот и чие отсуство сериозно се почувствува при поразот на саботното француско дерби со Лил.

Челси комплетен ќе излезе на мегдан против Порто (мечот се игра на неутрален терен во Севилја) откако Канте и Пулишиќ се рехабилитираа од своите повреди.

БАЕРН М. – ПСЖ

БАЕРН: Нојер, Павар, Зуле, Алаба, Дејвис, Кимих, Горецка, Милер, Сане, Коман, Чупо Мотинг.

Отсутни: Левандовски, Гнабри, Толисо, Рока, Коста.

ПСЖ: Навас, Керер, Маркињос, Кимпембе, Диало, Геје, Ерера, Ди Марија, Нејмар, Мбапе, Кеан.

Отсутни: Паредес, Верати, Бернат, Флоренци, Икарди, Курзава.

ПОРТО – ЧЕЛСИ

ПОРТО: Маркесин, Манафа, Мбемба, Пепе, Заиду, Урибе, Грујиќ, Отавио, Корона, Дијаз, Марега

Отсутни: Мбаје, Тареми, Оливеира.

ЧЕЛСИ: Менди, Азпиликуета, Рудигер, Кристенсен, Алонсо, Канте, Жоргињо, Маунт, Вернер, Зијеш, Жиру.

Отсутни: /

Се вчитува...