Најавени тимови ЛШ: Зидан има проблем – кој да го замени Иско

Зинедин Зидан ќе треба да донесе одлука – кој ќе го заземе одговорното место за креација на нападите што вообичаено му припаѓа на Иско. Шпанскиот ас нема да настапи вечерва поради повредата заработена на дуелот во Минхен, а најблизу до неговата позиција е Асенсио, кој го постигна победничкиот гол на „Алијанцц арена“. На младиот Шпанец му се даваат повеќе шанси отколку на Герет Бејл, во кого Зидан целосно загуби доверба, а како можна опција се споменува дури и Ковачиќ, доколку тренерот на Реал се реши за згуснат среден ред.

Карвахал поради повреда не е во комбинација, па Лукас Васкез ќе добие нешто поповлечена улога од вообичаено. Неговото место во напаѓачкото трио ќе му припадне на Карим Бензема.

На спротивната страна, отсуството на Робен и на Боатенг сигурно ги замрсува сметките на Јуп Хејнкес. Добра вест е што Алаба е повторно во тимот, но клучно ќе биде дали и колку Суле во одбраната ќе успее да ги неутрализира Роналдо и Бензема.

РЕАЛ МАДРИД – БАЕРН МИНХЕН

РЕАЛ М.: Навас, Васкез, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Модриќ, Крос, Асенсио, Роналдо, Бензема.

Отсутни: Карвахал, Иско.

БАЕРН: Улрих, Кимих, Алаба, Хумелс, Суле, Мартинез, Тијаго, Хамес Родригез, Милер, Рибери, Левандовски.

Отсутни: Нојер, Боатенг, Видал, Робен, Коман.

Се вчитува...