Најавени тимови: Рома тргнува офанзивно – Шик и Ел Шарави крај Џеко

Еузебио ди Франческо ја научи лекцијата од минатиот меч, кога тактиката со тројца дефанзивци во линија беше безмилосно казнета од страна на Ливерпул. Токму затоа, стратегот на Рома за вечерашниот реванш се реши за враќање на 4-3-3, со значително поофанзивна формација отколку на „Енфилд“. Пероти и Стротман поради повреди нема да можат да настапат вечерва, па друштво на Џеко ќе му прават Патрик Шик и Ел Шарави, од кои ќе се очекува да направат ново чудо, по оние 3-0 над Барселона.

Садио Мане е фит по повредата поради која не настапи со Стоук и ќе се појави во нападот на Ливерпул од првата минута на „Олимпико“, крај Салах и Фирмино.

РОМА – ЛИВЕРПУЛ

РОМА: Алисон, Флоренци Коларов, Манолас, Фацио, Наинголан, Де Роси, Пелегрини, Шик, Џеко, Ел Шарави.

Отсутни: Пероти, Стротман.

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Александер Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Вајналдум, Милнер, Салах, Фирмино, Мане.

Отсутни: Мане, Гомез, Џан, Окслејд Чембрлен.

Се вчитува...