Најавени тимови: Солскјер со „крпена екипа“ против моќниот ПСЖ

Манчестер Јунајтед ќе брка негатива од два гола на гостувањето против ПСЖ што секако само по себе е „невозможна мисија“, а згора на тоа Оле Гунар Солскјер нема да може да смета на речиси цел тим од фудбалери кои вообичаено или се стартери или влегуваат во игра во текот на натпреварите од Премиер-лигата.

Погба нема да биде во комбинација поради црвениот картон добиен на првиот натпревар на „Олд трафорд“, а во ситуација кога во тимот ќе ги нема ниту Ерера, Џонс, Лингард, Марсијал, Мата, Матиќ, Валенсија и Санчез јасно е дека Солскјер ќе мора да експериментира, па десниот бек Далот најверојатно ќе биде прекомандуван во напаѓачкото трио крај Лукаку и Рашфорд. На спротивната страна, Единсон Кавани е „фит“ за настап за ПСЖ, но Тухел најверојатно нема да ризикува со негов настап од првата минута, туку Уругваецот би требало да се појави во тимот на „светците“ во текот на второто полувреме.

Порто комплетен ќе ја пречека Рома во обид да ја надополни негативата од 2-1 од првиот натпревар. Кај „волчицата“ ќе недостига Ченгиз Ундер, како и Хавиер Пасторе, кој ионака во последните месеци многу ретко добиваше шанса од тренерот Ди Франческо.

ПСЖ – МАНЧЕСТЕР Ј.

ПСЖ: Буфон, Керер, Силва, Кимпембе, Бернат, Маркињос, Верати, Алвеш, Дракслер, Ди Марија, Мбапе.

Отсути: Нејмар, Нсаки. Неизвесен: Кавани.

МАНЧЕСТЕР Ј.: Де Хеа, Јанг, Шо, Линделоф, Смолинг, Переира, Мектоминеј, Далот, Рашфорд, Лукаку.

Отсутни: Ерера, Џонс, Лингард, Марсијал, Мата, Матиќ, Валенсија, Погба, Санчез.

ПОРТО – РОМА

ПОРТО: Касилјас, Милитао, Пепе, Фелипе, Телеш, Данило, Ерера, Оливер, Корона, Браими, Марега.

Отсутни: /

РОМА: Олсен,Карсдорп, Манолас, Маркано, Коларов, Де Роси, Пелегрини, Флоренци, Заниоло, Ел Шарави, Џеко.

Отсутни: Пасторе, Ченгиз Ундер.

Се вчитува...