Најавени тимови: Тухел и Флик нема да експериментираат

Томас Тухел и Ханси Флик ќе го имаат своето прво тренерско финале во Лигата на Шампионите, па логично е што двајцата стратези најавуваат дека нема да менуваат ништо во однос на тактиката што им донесе успех на досегашните натпревари од овој Ф8 турнир во Лисабон.

Се е полесно за ПСЖ кога во тимот го има Мбапе, кој во тандем со Нејмар е вистински кошмар за противниците. Тухел на полуфиналето со Лајпциг го остави Икарди на клупата, давајќи му шанса на Ди Марија во поофанзивна улога, како дел од напаѓачкото трио. Аргентинецот ја оправда довербата, одигра извонреден меч, па ќе ја задржи истата улога и за денешното финале. Добра вест за „светците“ е и рехабилитацијата од поведата на Кејлор Навас, па костариканскиот голман ќе стартува на овој натпревра.

На спротивната страна, Флик нема да менува ништо од последните натпревари со Барселона и со Лион. Ова значи дека Перишиќ ќе остане стартер на лево крило, добивајќи предност пред Коман на својот последен меч во дресот на Баерн, пред враќањето назад во Интер.

ПСЖ – БАЕРН МИНХЕН

ПСЖ: Навас, Керер, Тијаго Силва, Кимпембе, Бернат, Маркињос, Ерера, Паредес, Ди Марија, Нејмар, Мбапе.

 БАЕРН: Нојер, Кимих, Дејвис, Боатенг, Алаба, Алкантара, Горецка, Перишиќ, Гнабри, Милер, Левандовски.

Се вчитува...