Најавени тимови за ЛШ: Алвеш десно крило – Тухел со експеримент во Манчестер

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, е принуден да експериментира со составот за вечерашното гостување на „Олд трафорд“ против Манчестер Јунајтед. Мбапе ќе биде осамен во нападот, поддршка ќе има од Дракслер и од Ди Марија, а задача во офанзива ќе добие и Дани Алвеш. Бразилецот вообичаено настапува како десен бек, но за вечерашниот дуел ќе се пресели на крилната позиција. На негово место, десен бек се очекува да биде младиот Германецо Керер, кој ќе добие шанса на местото на повредениот Муние.

На спротивната страна, Манчестер Јунајтед ќе биде речиси комплетен, а главната дилема Оле Гунар Солскјер ќе ја има во нападот. За очекување е стратегот на „црвените ѓаволи“ да не тргне во тотална офанзива, оставајќи го Лукаку на клупата, а најистурен во нападот да биде Рашфорд, помогнат од Марсијал и од Лингард.

Во вториот вечерашен натпревар, исто така со почеток во 21 часот, Рома ќе го пречека тимот на Порто. Португалскиот тим е ослабен поради неиграњето на голгетерот Марега, додека во таборот на „волчицата“ ќе се чека до самиот почеток дали лекарскиот тим ќе даде зелено светло за настап на првиот голман Олсен, како и за крилниот офанзивец Ундер, кој мечот најверојатно ќе го стартува од клупата за резерви.

МАНЧЕСТЕР Ј. – ПСЖ

МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Линделоф, Јанг, Џонс, Шо, Ерера, Матиќ, Лингард, Матиќ, Рашфорд, Марсијал.

Отсутни: Дармијан, Валенсија.

ПСЖ: Буфон, Керер, Бернат, Кимпембе, Тијаго Силва, Маркињос, Верати, Дани Алвеш, Дракслер, Ди Марија, Мбапе.

Отсутни: Нејмар, Кавани, Муние.

РОМА – ПОРТО

РОМА: Миранте, Флоренци, Фазио, Манолас, Коларов, Пелегрини, Де Роси, Кристане, Заниоло, Ел Шарави, Џеко.

Отсутни: Шик, Карсдорп. Отсутни: Олсен, Ундер.

ПОРТО: Касилјас, Милитао, Филипе, Пепе, Телеш, Данило, Ерера, Оливер Торес, Отавио, Соареш, Брахими.

Отсутни: Марега, Корона.

Се вчитува...