Реал Мадрид ќе го пречека Челси во првиот натпревар од полуфиналниот дуел во Лигата на шампионите. Зинедин Зидан и на овој меч нема да може да смета на капитенот Серхио Рамос, како и на одличните Васкез, Валверде и Менди. Во тимот се враќа Еден Азар, но поради долгата пауза нема да биде на теренот од првата минута. Во нападот Зидан очекувано ќе почне со Винисиус, Асенсио и Бензема, а во вториот дел е можно Белгиецот да добие шанса против својот поранешен клуб.
Од друга страна Томас Тухел нема големи проблеми околу составувањето на тимот. Тој на овој меч поради повреда нема да може да смета само на Матео Ковачиќ, а останатите играчи ќе бидат подготвени да го предизвикаат најтрофениот клуб во елитното натпреварување.
РЕАЛ МАДРИД – ЧЕЛСИ
РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Карвахал, Варан, Милитао, Начо, Кашемиро, Крос, Модриќ, Винисиус, Бензема, Асенсио.
Отсутни: Васкез, Валверде, Менди, Рамос.
ЧЕЛСИ: Менди, Азпиликуета, Тијаго Силва, Рудигер, Џејмс, Жоржињо, Канте, Чилвел, Маунт, Хаверц, Вернер.
Отсутни: Ковачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА