Најавени тимови за ЛШ: Баерн полека се комплетира, Интер пак без важен играч

Интер тргнува во невозможна мисија да надополни негатива од два гола на вечерашното гостување на „Енфилд“. Задачата е уште потешка ако се знае дека италијанскиот првак повторно ќе биде без Барела, кој поради суспензија го пропушти и првиот меч, а вечерва повторно нема да му биде на располагање на тренерот Инзаги. Покрај тоа, неизвесен е и настапот на Иван Перишиќ, кој поради повреда во последен момент отпадна од комбинација за настап на петочниот дуел со Салернитана.

На спротивната страна, Ливерпул се комплетираше откако Матип и Тијаго ги одработеа последните два тренинзи со остатокот од тимот, па ќе му бидат на располагање на Јирген Клоп.

Баерн Минхен полека но сигурно се комплетира, но тренерот Нагелсман има причина за загриженост поради слабите игри во последно време. Баварците едвај се спасија од пораз на првиот меч со Салцбург, а денеска во тимот ќе ги нема Горецка, Толисо и левиот бек Дејвис.

ЛИВЕРПУЛ – ИНТЕР

ЛИВЕРПУЛ: Алисон Бекер, Александер Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Кеита, Фабињо, Дијаз, Жота, Мане

Отсутни: Фирмино. Неизвесни: Тијаго, Матип.

ИНТЕР: Ханданович, Шкринијар, Де Фрај, Бастони, Дамфрис, Брозовиќ, Видал, Чалханоглу, Госенс, Џеко, Мартинез.

Отсутни: Барела.

БАЕРН МИНХЕН – САЛЦБУРГ

БАЕРН: Нојер, Павар, Зуле, Упамекано, Хернандез, Кимих, Мусиала, Милер, Коман, Сане, Левандовски.

Отсутни: Горецкa, Дејвис, Толисо.

САЛЦБУРГ: Кен, Кристенсен, Солет, Вебер, Улмер, Камара, Сучиќ, Аронсон, Сајвалд, Адаму, Адејеми.

Отсутни: Окох, Коита, Окафор, Онгуене.

Се вчитува...