Најавени тимови за ЛШ: Болница во Баерн Минхен

Баерн Минхен ќе биде сериозно ослабен на вечерашното гостување против Лацио, прв меч за актуелниот европски првак во нокаут-фазата од одбраната на ланската титула. Отсуството на Томас Милер претставува најголем проблем за тренерот Флик, кој не може да смета ниту на Гнабри, па Флик нема друг избор освен тандемот Сане – Коман како поддршка за Левандовски. Згора на тоа отсутен е и стандардниот десен бек Павар, а во средниот ред ќе недостига Толисо, за кого оваа сезона е завршена по тешката повреда заработена минатата седмица.

Со проблеми се соочува и Диего Симеоне, кој со Атлетико Мадрид вечерва ќе го пречека Челси. Дел од заболените играчи од коронавирус во меѓувреме добија и негативни тестови, но прашање е во каква форма се наоѓаат со оглед на резултатската криза во Ла Лига откако Атлетико освои само еден бод на двомечот со Леванте.

ЛАЦИО – БАЕРН М.

ЛАЦИО: Реина, Патрис, Ачерби, Мусакио, Лазари, Леива, Милинковиќ – Савиќ, Марушиќ, Луис Алберто, Кореа, Имобиле.

Отсутни: Фелипе, Раду. Неизвесен: Стракоша.

БАЕРН: Нојер, Зуле, Боатенг, Алаба, Дејвис, Кимих, Рока, Горецка, Сане, Коман, Левандовски.

Отсутни: Павар, Милер, Толисо, Гнабри, Коста, Нубел.

АТЛЕТИКО М. – ЧЕЛСИ

АТЛЕТИКО: Облак, Љоренте, Савиќ, Фелипе, Хермосо, Лоди, Кондогбија, Коке, Нигез, Феликс, Суарез.

Отсутни: Хименез, Караско, Трипие, Ерера.

ЧЕЛСИ: Менди, Азпиликуета, Зума, Рудигер, Џејмс, Алонсо, Жоргињо, Ковачиќ, Маунт, Вернер, Жиру.

Отсутен: Тијаго Силва.

Се вчитува...