Најавени тимови за ЛШ: Болница во Реал Мадрид, Сити со сите сили ќе ја нападне Борусија М.

Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен на гостувањето кај Аталанта во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Зинедин Зидан на овој меч нема да може да смета дури на девет фудбалери кои се стандардни првотимци.

Манчестер Сити во моментов е тимот кој е во најдобра форма во фудбалска Европа. 18 натпревари по ред триумфираа, а на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах ќе им недостасуваат само Кун Агуеро кој долго време е надвор од терените, и Нејтан Аке. Добра вест за Пеп Гвардиола е што повторно ќе може да смета на услугите на Кевин де Бруин кој играше и на мечот со Арсенал.

АТАЛАНТА – РЕАЛ МАДРИД 

АТАЛАНТА: Голини, Толои, Ромеро, Џимсити, Маеле, Де Рон, Фројлер, Госенс, Песина, Иличиќ, Запата.

Отсутни: Хатебур.

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Васкез, Варан, Начон, Менди, Крос, Кашемиро, Модриќ, Асенсио, Винициус, Диаз.

Отсутни: Бензема, Карвахал, Азар, Марсело, Милитао, Одриозола, Рамос, Родриго, Валверде.

БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ – МАНЧЕСТЕР СИТИ 

БОРУСИЈА М: Лајнер, Гинтер, Елведи, Бенсебани, Крамер, Нојхаус, Волф, Штиндл, Хофман, Плеа.

Отсутни: Дукуре, Мусел, Кизера, Турам.

МАНЧЕСТЕР С: Едерсон, Вокер, Диас, Стоунс, Кансело, Родри, Стерлинг, Де Бруин

Отсутен: Агуеро, Аке.

Се вчитува...