Најавени тимови за ЛШ: Дали ПСЖ навистина е посилен кога не игра Нејмар?

ПСЖ ќе брка негатива од еден гол на „Алијанц Арена“ против Баерн, кој игра во одлична форма во последниот месец. Нејмар поради повреда е загубен за „светците“ до крајот на сезонава, но дел од француската јавност тврди дека ПСЖ игра многу подобро без помошта на поранешната суперѕвезда на Барселона.

Денешниот дуел во Минхен, против исклучително силен ривал, ќе биде идеална можност за на дело да се види – дали ПСЖ навистина игра подобро кога го нема Нејмар во тимот, па сите погледи се насочени кон Меси и Мбапе.

Кај Баерн ќе недостига дефанзвиецот Павар, додека во таборот на ПСЖ ќе го нема ниту Кимпембе, чие место ќе го заземе Португалецот Данило.

Во вториот денешен натпревар Тотенхем ќе го пречека Милан, меч за кој на клупата на лондонскиот премиерлигаш ќе се врати Антонио Конте. „Спарси“ најавуваат офанзивна формација со Кулушевски, Сон и Кејн меѓу првите единаесетмина, додека гостите се мачат со повредата на Жиру, кој сепак би требало да биде подготвен да стартува од првата минута во Лондон.

БАЕРН М. – ПСЖ

БАЕРН: Зомер, Станишиќ, Упамекано, Де Лихт, Дејвис, Кимих, Горецка, Коман, Милер, Мусиала, Чупо Мотинг.

Отсутни: Нојер, Павар, Хернандез.

ПСЖ: Донадума, Рамос, Маркињос, Данило, Хакими, Мендеш, Верати, Руиз, Витиња, Меси, Мбапе.

Отсутни: Нејмар, Кимпембе. Неизвесен: Ренато Санчез.

ТОТЕНХЕМ – МИЛАН

ТОТЕНХЕМ: Форстер, Ромер, Ленгле, Дејвис, Емерсон, Скип, Хојбгерг, Перишиќ, Кулушевски, Кејн, Сон.

Отсутни: Бисума, Бентанкур, Дајер, Лорис, Сесењон.

МИЛАН: Мењон, Калулу, Тиав, Томори, Хернандез, Тонали, Круниќ, Салемакерс, Дијаз, Леао, Жиру.

Отсутни: Бенасер, Флоренци, Калабрија.

Се вчитува...