Најавени тимови за ЛШ: Гвардиола со Агуеро го напаѓа Ливерпул

Манчестер сити брка негатива од три гола на реваншот со Ливерпул, па јасно е дека Пеп Гвардиола нема друг избор освен да тргне во целосна офанзива. Серхио Агуеро ќе го предводи нападот на „сините“, а шанса во првиот тим ќе добие и Рахим Стерлинг, кој беше резерва на „Енфилд“, а потоа промаши и неколку зицери на градското дерби со Манчестер јунајтед. Единствената дилема на Гвардиола е позицијата лев бек, каде треба да избере меѓу Лапорт и Делф, но засега предност има Шпанецот без оглед на неговиот слаб настап на првиот натпревар во Ливерпул.

На спротивната страна, одлична вест за Ливерпул е што Мохамед Салах ги надмина проблемите со повредата и ќе настапи од првата минута во Манчестер. Средниот ред останува проблем за Клоп во ситуација кога Џан и Лалана се повредени, а Хендерсон е суспендиран, па Вајналдум ќе ја добие улогата на последен играч за врска.

Наинголан и Ундер се враќаат во тимот на Рома за вечерашната пресметка со Барселона, додека каталонците ќе настапат со своите најдобри единаесетмина, се со цел да не дозволат „волчицата“ да им ги замрси сметките на патот кон полуфиналето од елитното европско натпреварување.

МАНЧЕСТЕР СИТИ -ЛИВЕРПУЛ

МАНЧЕСТЕР: Едерсон, Вокер, Лапорт, Отаменди, Компани, Фернандињо, Де Бруин, Давид Силва, Сане, Стерлинг, Агуеро.

Отсутни: Менди, Стоунс

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Трент Арнолд, Ван Дајк, Ловрен, Робертсон, Вајналдум, Милнер, Окслејд Чембрлен, Мане, Фирмино, Салах.

Отсутни: Хендерсон, Џан, Гомез, Лалана, Матип.

РОМА – БАРСЕЛОНА

РОМА: Бекер, Перес, Манолас, Фацио, Коларов, Де Роси, Пелегрини, Наинголан, Флоренци, Џеко, Ундер.

Отсутни: Пероти, Карсдорп.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Алба, Пике, Умтити, Бускетс, Ракитиќ, Паулињо, Иниеста, Суарез, Меси.

Отсутни: Диње.

Се вчитува...