Најавени тимови за ЛШ: Јуве без Дибала и Бентанкур, Санчо нема да може да им помогне на „милионерите“

Андреа Пирло и во реванш натпреварот против Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите нема да може да смета на Аргентинецот, Пауло Дибала. Тој се уште не е „фит“, а покрај него надвор од тимот на овој меч ќе бидат и Бентанкур и Данило. „Старата дама“ по првиот натпревар одигран на „Драгао“ има негатива од 2-1.

Џејдон Санчо нема да може да им помогне на своите соиграчи во реваншот против Севилја. „Милионерите“ имаат предност од 2-3 по првиот натпревар одигра на „Санчез Пискуан“, а покрај одличниот Англичанец надвор од тимот ќе бидат и Аканџи, Шмелцер и Витсел.

ЈУВЕНТУС – ПОРТО 

ЈУВЕНТУС: Шчешни, Квадрадо, Бонучи, Де Лихт, Акекс Сандро, Рабио, Артур, Ремзи, Киеза, Мората, Роналдо.

Отсутни: Дибала, Бентанкур, Данило.

ПОРТО: Маркезин, Манафа, Пепе, Мбемба, Заиду, Оливеира, Урибе, Отавио, Корона, Марега, Тареми.

Отсутни: Нану.

БОРУСИЈА Д. – СЕВИЛЈА 

БОРУСИЈА: Хиц, Муние, Чан, Хумелс, Шулц, Дилејни, Белингам, Дахуд, Ројс, Хазард, Халанд.

Отсутни: Аканџи, Санчо, Шмелцер, Витсел.

СЕВИЛЈА: Буну, Навас, Кунде, Карлос, Акуња, Џорда, Фернандо, Окампос, Ракитиќ, Гомез, Ен-Несри.

Отсутни: Алеиш Видал.

Се вчитува...