Најавени тимови за ЛШ: Клоп на слатки маки, како ќе се снајде Баерн без Нојер?

Симоне Инзаги се соочува со еден сериозен проблем во пресрет на вечерашниот дуел со Ливерпул, меч за кој нема да може да смета на Барела. Италијанскиот репрезентативец е меѓу клучните играчи за организација на играта и јасно е дека неговото отсуство ќе се одрази врз изданието на „нероаѕурите“, кои ќе се обидат на домашен терен да стигнат до предност пред реваншот на „Енфилд“.

На спротивната страна, Јирген Клоп по подолго време се наоѓа на „слатки маки“, без ниту еден отсутен играч во тимот. Поради ситна повреда се очекува да не стартува капитенот Хендерсон, чие место ќе го заземе Кеита, додека во нападот Жота ќе биде дел од триото каде незаменливи се Садио Мане и Мохамед Салах.

Баерн Минхен му гостува на Салцбург во обид да се поправат грешките во одбраната што беа направени при катастрофалниот пораз од Бохум во последното бундеслигашко коло. Отсуството на повредениот голман Нојер е сериозен проблем за тренерот на Баерн, кој ќе го пресели на клупата Упамекано по неговото очајно издание во првото полувреме со Бохум.

ИНТЕР – ЛИВЕРПУЛ

ИНТЕР: Ханданович, Шкринијар, Де Фрај, Бастони, Дамфрис, Брозовиќ, Видал, Чалханоглу, Перишиќ, Џеко, Мартинез.

Отсутни: Барела, Госенс, Кореа.

ЛИВЕРПУЛ: Алисон Бекер, Александер Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Кеита, Фабињо, Тијаго, Салах, Жота, Мане.

Отсутни: /

САЛЦБУРГ – БАЕРН М.

САЛЦБУРГ: Кен, Кристенсен, Солет, Вебер, Улмер, Камара, Капалдо, Аронсон, Сејвалд, Окафор, Адејеми.

Отсутни: Бернардо, Окох, Коита, Сучиќ. Неизвесни: Јунузовиќ, Шешко.

БАЕРН: Улрих, Павар, Зуле, Хернандез, Кимих, Толисо, Милер, Гнабри, Сане, Коман, Левандовски.

Отсутни: Нојер, Дејвис, Горецки, Мусиала.

Се вчитува...