Најавени тимови за ЛШ: Клоп со атомски напад против „крпената одбрана“ на Реал

Ливерпул ќе тргне во тотална офанзива на денешното гостување против Реал Мадрид во обид уште на првиот меч да обезбеди предност пред реваншот на „Енфилд“. Јирген Клоп подготвува тактика со четири напаѓачи, Фирмино да игра нешто поповлечено зад Салах, Мане и Жота, формација што одлично функционираше во второто полувреме против Арсенал и донесе триумф од 0-3 на „Емирати“.

Згора на тоа, Реал се соочува со огромни проблеми со одбраната поради неиграњето на Рамос, Варан и Карвахал. Зидан нема премногу избор, Начо и Милитао ќе бидат централни дефанзивци вечерва, а на десен бек ќе стартува Лукас Васкез, но прашање е колку со ваква „крпена одбрана“ шпанскиот гигант ќе успее да го запре атомскиот напад на „црвените“.

Пеп Гвардиола нема никакви проблеми со составот на Манчестер Сити за вечерашниот дуел со Борусија Дортмунд. На спротивната страна, кај „милионерите“ ќе недостигаат неколку значајни првотимци, најмногу од сите Џејдон Санчо, кој ќе го пропушти дуелот со клубот каде ги мина сите младински категории.

РЕАЛ М. – ЛИВЕРПУЛ

РЕАЛ: Куртоа, Начо, Менди, Милитао, Васкез, Кашемиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Винисиус, Бензема.

Отсутни: Рамос, Варан, Карвахал, Азар.

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер – Арнолд, Филипс, Кабак, Робертсон, Фабињо, Тијаго, Фирмино, Жота, Мане, Салах.

Отсутни: Ван Дајк, Гомез, Матип, Ориги.

МАН. СИТИ – БОРУСИЈА Д.

МАНЧЕСТЕР С.: Едерсон, Вокер, Кансело, Стоунс, Дијаз, Родри, Де Бруине, Гундоган, Силва, Стерлинг, Марез.

Отсутни: /

БОРУСИЈА: Хиц, Џан, Аканжи, Хумелс, Гереиро, Дилејни, Белингам, Даѕ, Азар, Ројс, Халанд.

Отссутни: Санчо, Витсел, Загаду, Шмелцер.

Се вчитува...