Најавени тимови за ЛШ: „Кралот“ без Рамос, „старата дама“ без Дибала

Масимилијано Алегри најавува дека неговите избраници ќе сторат се за да триумфираат во Мадрид, но на сите им е јасно дека пласман во полуфиналето е „невозможна мисија“ за најтрофејниот италијански клуб. Реал Мадрид ќе биде ослабен со неиграњето на суспендираниот Серхио Рамос, но кај гостите од истите причини ќе недостига Дибала. Јуве ќе стартува со Манџукиќ, Игуаин и Даглас Коста, во обид да се поправи очајниот впечаток оставен на првиот натпревар во Торино.

Баерн Минхен ја прослави новата титула во Бундес-лигата, но Јуп Хејнкес јасно стави до знаење дека нема да дозволи опуштање кај своите фудбалери на вечерашниот реванш со Севилја. Хејнкес минатиот викенд ги одмори Милер и Левандовски, кои вечерва се враќаат во стартниот тим на Баерн, помогнати од Робен и од Рибери за максимално офанзивна формација на баварскиот гигант.

РЕАЛ МАДРИД – ЈУВЕНТУС

РЕАЛ: Навас, Карвахал, Кашемиро, Варан, Марсело, Ковачиќ, Крос, Модриќ, Асенсио, Роналдо, Бензема.

Отсутни: Начо, Рамос.

ЈУВЕНТУС: Буфон, Де Шилјо, Бенатија, Кјелини, Алекс Сандро, Пјаниќ, Матуиди, Квадрадо, Манџукиќ, Коста, Игуаин.

Отсутни: Дибала, Барѕалји, Бентанкур, Бернардески.

БАЕРН М. – СЕВИЛЈА

БАЕРН: Улрих, Кимих, Хумелс, Боатенг, Бернат, Мартинез, Тијаго, Робен, Рибери, Милер, Левандовски.

Отсутни: Алаба, Нојер, Коман, Видал.

СЕВИЛЈА: Сорија, Навас, Меркадо, Ленглет, Ескудеро, Нзонзи, Банега, Васкез, Сарабија, Сандро, Муриел.

Отсутни: Кјаер.

Се вчитува...