Најавени тимови за ЛШ: Лион комплетен, само еден проблем за Гвардиола

Вечерашната пресметка меѓу Манчестер Сити и Лион ќе го даде последниот полуфиналист од Лигата на Шампионите, што во следната рунда ќе ги одмери силите со моќниот Баерн Минхен. „Граѓаните“ го елиминираа Реал Мадрид со две победи во осминафиналните пресметки, па сега полни со самодоверба ќе влезат во дуелот со Лион. Пеп Гвардиола има само еден проблем, неиграњето на Серхио Агуеро, но аргентинскиот голгетер веќе подолго време е повреден, а Бразилецот Хесус одигра одлично на реваншот со Реал, со што си го загарантира првотимскиот статус и за вечерашното четвртфинале.

На спротивната страна, Лион ќе настапи комплетен во Лисабон. На ситни повреди се жалат Корне, Оуар и Денајер, но тројцата ќе му бидат на располагање на тренерот Гарсија. Лион приреди големо изненадување елиминирајќи го Јувентус во претходната рунда, но сега пред Гарсија и неговите избраници е уште поголем предизвик, со оглед на одличната форма во која се наоѓа Сити.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ЛИОН

Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Лапорт, Фернандињо, Кансело, Родри, Де Бруине, Давид Силва, Марез, Стерлинг, Хесус.

Отсутен: Агуеро.

Лион: Лопез, Денајер, Марсело, Марсал, Дубоа, Какере, Гимараеш, Оуар, Корне, Депај, Дембеле.

Отсутни: /

Се вчитува...