Најавени тимови за ЛШ: Мбапе до последен момент неизвесен за мечот на сезоната

Пари Сен Жермен вечерва ќе се обиде да ја анулира негативата од 1-2 по првиот натпревар против Манчестер сити. До последен момент тренерот на „светците“ Маурисио Покетино нема да знае дали ќе може да смета на Килијан Мбапе кој се соочува со повреда на мускулот.

Покетино во неделата изјави дека очекува Мбапе да биде во тимот, но синоќа се појави видео од голгетерот како едвај се движи на пат кон аеродромот, па неизвесно е дали тој воопшто ќе може да му помогне на тимот во Манчетер.

Од друга страна Пеп Гвардиола нема никакви проблеми со повредени играчи, па најавен е идентичен стартен тим како и на дуелот во Париз, без класичен напаѓач меѓу почетните единаесетмина на Сити. Во вториот дел може да се очекува влегување на Серхио Агуеро, кој по подолга пауза постигна гол на саботниот дуел со Кристал Палас.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ПСЖ 

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Стоунс, Рубен Диаш, Кансело, Родри, Гиндоган, Марез, Де Бруине, Фоден, Бернардо Силва.

Отсутни: Гарсија.

ПСЖ: Навас, Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Диало, Дракслер, Паредес, Ди Марија, Верати, Нејмар, Икарди.

Отсутни: Гуеј, Бернат, Мбапе, Дагба.

Се вчитува...