Најавени тимови за ЛШ: Мбапе е „фит“, Мадрид се „тресе“

Килијан Мбапе е максимално подготвен за настап вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, во обид да го предводи ПСЖ до позитивен резултат што би ги одвел „светците“ до следната фаза од Лигата на Шампионите. Францускиот ас, кој го постигна единствениот гол на првиот меч во Париз, настрада при еден дуел со Геј на понеделничкиот тренинг, но успеа да се рехабилитира навреме за да настапи против Реал.

Серхио Рамос ја загуби трката со времето и дефинитивно ќе го пропушти и вториот дуел од двомечот со својот поранешен клуб. Во таборот на Реал ќе недостигаат суспендираните Кашемиро и Менди, а крајно неизвесен е настапот на Тони Крос, кој се мачи со незгодна повреда на мускулот.

Манчестер Сити ја заврши работата уште во првиот меч против Спортинг Лисабон, но Пеп Гвардиола се пожали на сериозни проблеми со тимот во пресрет на вечерашниот реванш дуел. Главниот проблем е во одбраната, поради отсуствата на Вокер, Кансело, Дијаз и Аке, поради што Фернандињо ќе мора да биде прекомандуван од средниот ред во последната дефанзивна линија.

РЕАЛ МАДРИД – ПСЖ

РЕАЛ: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Начо, Модриќ, Валверде, Крос, Асенсио, Винисиус, Бензема.

Отсутни: Кашемиро, Менди.

ПСЖ: Навас, Хакими, Мендеш, Кимпембе, Маркињос, Геј, Данило, Верати, Меси, Нејмар, Мбапе.

Отсутни: Рамос, Ерера.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – СПОРТИНГ

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Стоунс, Фернандињо, Лапорт, Зинченко, Родри, Гундоган, Бернардо Силва, Стерлинг, Грилиш, Жезус.

Отсутни: Вокер, Дијаз, Кансело, Аке.

СПОРТИНГ: Адан, Инасио, Коатес, Федал, Поро, Угарте, Есуго, Матеус Реис, Сарабија, Слимани, Сантош.

Отсутни: Браганка.

Се вчитува...