Најавени тимови за ЛШ: Меси против Левандовски, судир на „џиновите“

Пресметката меѓу Барселона и Баерн Минхен ќе донесе и супер-дуел меѓу Лионел Меси и Роберт Левандовски. Аргентинецот беше предводник на Барса во убедливата победа над Наполи во осминафиналето, но на сите им е јасно дека овојпат предизвикот ќе биде многу поголем бидејќи Баерн е тимот што се наоѓа во најдобра форма во цела фудбалска Европа во моментов.

Новиот тренер Флик состави моќна машинерија во која блеска Левандовски, полскиот ас постигна 12 гола на последните осум средби и со 13 погодоци е најдобар стрелец во ЛШ сезонава. Левандовски во просек постигнува погодок на секои 47 минути игра во Лигата на Шампионите, а на баварскиот гигант ќе му биде неопходно тој да продолжи во ист стил и на вечерашната четвртфинална пресметка.

Коман се враќа во стартниот тим на Баерн откако го пропушти реваншот со Челси, додека кај Барселона во средниот ред Етиен повторно на располагање ќе ги има Бускетс и Видал, кои беа суспендирани за реваншот против Наполи.

БАРСЕЛОНА – БАЕРН М.

Барселона: Тер Штеген, Семедо, Алба, Пике, Ленгле, Бускетс, Де Јонг, Видал, Меси, Гризман, Суарез.

Отсутни: Умтити.

Баерн: Нојер, Кимих, Боатенг, Алаба, Дејвис, Тијаго, Горецка, Коман, Милер, Гнабри, Левандовски.

Отсутни: Павар.

Се вчитува...