Најавени тимови за ЛШ: Мората и Сане против „своите“

Јувентус ќе се обиде да го следи примерот на Ајакс и на Манчестер Јунајтед, па со чудесен пресврт на реваншот да го совлада Атлетико Мадрид со три гола разлика и да се пласира во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Роналдо, Манџукиќ и Дибала одморија изминатиот викенд и стопроцентно подготвени го дочекуваат вечерашниот реванш против екипата што во последните четири европски натпревари не прими ниту еден единствен погодок.

Суспензијата на левиот бек Алекс Сандро е значаен проблем, но на спротивната страна главоболка на истата позиција има и Диего Симеоне, кој нема да може да смета на Филипе Луис. Диего Коста поради суспензија не е во комбинација за настап во Торино, што ќе значи настап во првиот тим за Алваро Мората, кој пред неколку сезони го одведе Јувентус до финалето од Лигата на шампионите.

Манчестер Сити ќе го пречека Шалке откако веќе го совлада германскиот клуб со 2-3 во Гелзенкирхен, со пресврт во период во кој „граѓаните“ беа со фудбалер помалку на теренот. Лирој Сане ќе одигра уште еден натпревар против својот поранешен клуб, а во врвот на нападот би требало да се појави Бразилецот Хесус, како најава за краток одмор за Серхио Агуеро.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ШАЛКЕ

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Стоунс, Лапорт, Зинченко, Гундоган, Бернардо Силва, Давид Силва, Стерлинг, Сане, Хесусо.

Отсутни: Де Бруине, Менди, Браво, Компани, Фернандињо, Отаменди.

ШАЛКЕ: Ферман, Стамбули, Сане, Мекени, Настасиќ, Руди, Бенталеб, Оцзипка, Конопљанка, Емболо, Бургшталер.

Отсутни: Калигури, Шепф, Ут, Маскарел, Харит.

ЈУВЕНТУС – АТЛЕТИКО МАДРИД

ЈУВЕНТУС: Шчешни, Кансело, Бонучи, Кјелини, Спинацола, Матуиди, Пјаниќ, Џан, Дибала, Роналдо, Манџукиќ.

Отсутни: Алекс Сандро, Кедира, Барѕалји, Де Шилјо, Коста.

АТЛЕТИКО: Облак, Аариас, Хуанфран, Годин, Хименез, Родриго, Коке, Нигез, Лемар, Гризман, Мората.

Отсутни: Диего Коста, Ернандез, Филипе Луис, Томас.

Се вчитува...