Најавени тимови за ЛШ: Намалена болницата во Баерн, Пеп има проблем пред мечот со Реал

Со вечерашните пресметки во Мадрид и во Лондон почнуваат четвртфиналните дуели од Лигата на Шампионите, кои дефинитивно ќе понудат многу возбудувања.

Реал Мадрид и Манчестер Сити трета сезона по ред се среќаваат во нокаут фазата, а во претходните две тимот што излегол како победник од овој двомеч на крајот се радувал и на трофејот во Лигата на Шампионите. Анчелоти нема преголеми проблеми околу составот, Чуамени најверојатно ќе стартува како последен играч во одбраната крај Ридигер, бидејќи Милитао се уште не е стопроцентно подготвен за настап по тешката повреда на коленото. Лука Модриќ е подготвен, но хрватскиот ветеран мечот ќе го почне од клупата за резерви.

Пеп Гвардиола на спротивната страна има сериозен проблем со одбраната, на десен бек ќе го нема искусниот Кајл Вокер, а прашање е дали Рико Луис може да се снајде на оваа позиција ако се знае дека го очекуваат директни пресметки со Винисиус, кој напаѓа од тој дел на теренот за Реал Мадрид. Во тимот ќе го нема ниту стандардниот Аке, а прашање е дали ќе може да се појави и Јошко Гвардиол, кој мораше да биде заменет по 45 минути игра на саботниот меч со Кристал Палас.

Томас Тухел до неодамна имаше огромни проблеми со составот на Баерн, но тие главоболки во последните десетина дена значително се намалија откако речиси сите стандардни првотимци се вратија на тренинзите на баварскиот гигант. Нојер е „фит“ и ќе брани во Лондон против атомскиот напад на Арсенал, играта на Баерн ќе добие на брзина со камбекот на Гнабри, Коман и Сане, а останува да се види кои двајца од ова трио ќе бидат избрани како поддршка за Хари Кејн и сезонава незаменливиот Мусиала.

АРСЕНАЛ – БАЕРН М.

АРСЕНАЛ: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Томијасу, Рајс, Едегард, Жоржињо, Сака, Хаверц, Мартинели.

Отсутни: Тимер.

БАЕРН: Нојер, Кимих, Де Лихт, Ким, Гереиро, Лајмер, Горцке, Мусиала, Сане, Коман, Кејн.

Отсутни: Боји, Сар. Неизвесни: Коман, Павловиќ.

РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР СИТИ

РЕАЛ: Лунин, Карвахал, Чуамени, Ридигер, Менди, Камавинга, Валверде, Крос, Белингем, Родриго, Винисиус.

Отсутни: Куртоа, Алаба.

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Луис, Стоунс, Дијаз, Аканжи, Родри, Де Бруине, Силва, Грилиш, Фоден, Халанд.

Отсутни: Аке, Вокер. Неизвесен: Гвардиол.

Се вчитува...