Најавени тимови за ЛШ: Нејмар на роденден кај сестра му, ПСЖ по потврда на четвртфиналето

Пари Сен Жермен вечерва против Барселона треба само да го потврди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите по убедливиот триумф на „Камп ноу“ од 1-4. Маурисио Покетино на мечот нема да може да смета на Нејмар кој поради повреда ќе го пропушти реванш дуелот, но оваа ситуација воопшто не е чудна бидејќи утре е роденденот на сестра му, а Бразилецот традиционално овој период во годината го користи за одмор.

Барселона нема поголеми проблеми и се очекува со најдобрите да се обиде да го повтори тоа што го направи во 2017 година, кога во реваншот триумфираше со 6-1.

ПСЖ – БАРСЕЛОНА 

ПСЖ: Навас, Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Курзава, Геје, Паредес, Верати, Ди Марија, Икарди, Мбапе.

Отутни: Нејмар, Бернат, Кеан.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Умтити, Ленгле, Дест, Алба, Бускетс, Педри, Де Јонг, Меси, Гризман, Дембеле.

Отсутни: Роберто, Кутињо, Фати, Пике.

ЛИВЕРПУЛ – ЛАЈПЦИГ 

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер Арнолд, Робертсон, Фабињо, Филипс, Вајналдум, Џонс, Тијаго, Жота, Мане, Салах.

Отутни: Ван Дајк, Хендерсон, Гомез, Матип.  Неизвесни: Фирмино, Кабак, Келерер.

ЛАЈПЦИГ: Гулаши, Адамс, Мукиеле, Упамекано, Клостерман, Сабицер, Кампл, Хаидар, Нкунку, Олмо, Поулсен.

Отсутни: Лајмер, Шобослаи.

Се вчитува...