Најавени тимови за ЛШ: ПСЖ ослабен со Реал Мадрид, Манчестер Сити „одморен“ во Лисабон

Францускиот гигант ПСЖ и најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид ќе ги одмерат силите во „дуелот на великаните“ во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

ПСЖ ќе биде значително ослабен поради неиграњето на Серхио Рамос, кој долго време е повреден иако е доведен во клубот токму за вакви „големи натпревари“, а стартер дефинитивно нема да биде ниту Бразилецот Нејмар. На спротивната страна, Анчелоти има главоболка поради повредата на Бензема, но францускиот напаѓач тренираше со полна пареа во претходните два дена и би требало да е „фит“ за да го предводи нападот на Реал на „Паркот на принцовите“.

Манчетер Сити е голем фаворит на гостувањето против Спортинг Лисабон. Пеп Гвардиола одмори дел од клучните играчи (Де Бруине, Кансело, Родри) на последниот дуел со Норвич, па англискиот првак со полна пареа ќе влезе во мечот во Португалија, во обид веќе на првата средба да си го визира пласманот во полуфиналето.

ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД

ПСЖ: Навас, Хакими, Маркињос, Кимпембел, Мендеш, Данило, Верати, Паредес, Ди Марија, Меси, Мбапе.

Отсутни: Рамос, Ерера. Неизвесен: Нејмар.

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Карвахал,Милитао, Алаба, Менди, Крос, Кашемиро, Модриќ, Асенсио, Винисиус, Бензема (Јовиќ).

Отсутни: Маријано Дијаз. Неизвесен: Бензема

СПОРТИНГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

СПОРТИНГ: Адан, Инасио, Коатес, Фидал, Поро, Палниња, Нуњеш, Реис, Сарабија, Паулињо, Гонсалвеш.

Отсутни: /

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Зинченко, Дијаз, Лапорт, Кансело, Родри, Де Бруине, Бернардо Силва, Марез, Фоден, Стерлинг.

Отсутни: Вокер, Жезус, Грилиш.

Се вчитува...