Најавени тимови за ЛШ: Рамос се враќа кај „кралевите“, Челси комплетен во „мечот на сезоната“

Челси и Реал Мадрид вечерва ќе го одиграат реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите. Одлична вест за Зинедин Зидан е тоа што повторно ќе може да смета на капитенот Серхио Рамос кој по долгата пауза се очекува да се врати во првиот тим на „кралевите“. На бековската позиција Зидан планира да му даде предност на Валверде пред Одриозола, откако за овој меч и дефинитивно отпаднаа Даниел Карвахал и Лукас Васкез.

Од друга страна Томас Тухел нема никакви проблеми околу составувањето на тимот. Единствено нема да смета на Матео Ковачиќ кој веќе подолго време е надвор од терените. Првиот натпревар на „Алфредо ди Стефано“ заврши без победник 1-1, а вечерашниот дуел

ЧЕЛСИ – РЕАЛ МАДРИД 

Челси: Менди, Кристенсен, Тиаго Силва, Ридигер, Аспиликуета, Жоржињо, Канте, Чилвел, Пулишиќ, Вернер, Маунт.

Отсутни: Ковачиќ.

Реал Мадрид: Куртоа, Валверде, Рамос, Милитао, Начо, Касемиро, Крос, Модриќ, Асенсио, Бензема, Винициус.

Отсутни: Карвахал, Лукас Васкез, Рафаел Варан.

Се вчитува...