Пеп Гвардиола ќе биде принуден на рокади во составот на Манчестер Сити за денешното гостување против Лајпциг.
Кевин де Бруине воопшто не отпатува за Германија, а Гвардиола најверојатно ќе му даде шанса на Гундоган на неговата позиција, кој има предност во однос на Алварез (Аргентинецот иако е напаѓач, на неколку средби сезонава настапи како директна замена за Белгиецот). Во тимот на Сити ќе ги нема ниту дефанзивците Стоунс и Лапорт, што значи сигурен старт за Вокер по десната страна, но и за Аке.
Интер ќе го пречека Порто на „Џузепе Меаца“, а единствената дилема на Инзаги е дали да стартува со Един Џеко или пак со Ромелу Лукаку како партнер во нападот на Лаутаро Мартинез.
ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ
ЛАЈПЦИГ: Бласвич, Симакан, Орбан, Гвардиол, Халстенберг, Лајмер, Шлагер, Собослаи, Нкунку, Вернер, Силва.
Отсутни: Диало, Олмо.
МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Дијаз, Аканжи, Аке, Силва, Родри, Грилиш, Марез, Гундоган, Халанд.
Отсутни: Лапорт, Стоунс, Де Бруине.
ИНТЕР – ПОРТО
ИНТЕР: Онака, Шкринијар, Ачерби, Бастони, Дармијан, Барела, Брозовиќ, Чалханоглу, Димарко, Џеко, Лаутаро Мартинез.
Отсутни: Кореа.
ПОРТО: Диого Коста, Жоао Марио, Пепе, Маркано, Вендел, Франко, Грујиќ, Еустакио, Отавио, Тареми, Тони Мартинез.
Отсутни: Верон, Меишедо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА