Најавени тимови за ЛШ: Зидан со иста формула и на „Енфилд“, Халанд главна закана за Сити

Натпреварите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид и Борусија Дортмунд и Манчестер Сити ќе ги дадат патниците кои ќе им се приклучат на ПСЖ и Челси во полуфиналето од Лигата на шампионите. Зинедин Зидан ќе се обиде на сите можни начини да ја задржи предноста од 3-1 по првиот натпревар одигра на „Алфредо ди Стефано“. Французинот и на овој меч нема да може да смета на капитенот, Серхио Рамос, а надвор од тимот ќе биде и Васкез кој се повреди на „Ел класико“. Од друга страна веќе не е вест за проблемите во одбраната на Ливерпул, но во останатиот дел Клоп ќе нападне со најдоброто што располага во моментов.

Пеп Гвардиола ќе се обиде со шпанска „тики-така“ да ја умртви играта и да ја одбрани предноста од 2-1 во првиот меч. Ерлинг Халанд кој е најдобар стрелец сезонава во Лигата на шампионите повторно ќе биде најголема закана за голот на Едерсон, а тука ќе биде и младиот Англичанец Билингем кој одигра одличен натпревар на „Етихад“.

ЛИВЕРПУЛ – РЕАЛ МАДРИД 

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер Арнолд, Кабак, Филипс, Робертсон, Тијаго Алкантара, Фабињо, Виналдум, Салах, Жота, Мане.

Отутни: Ван Дајк, Гомез, Хендерсон, Ориџи.

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Одриозола, Начо, Едер Милитао, Менди, Крос, Кашемиро, Модриќ, Асенсио, Бензема, Винициус Жуниор.

Отсутни: Рамос, Варан, Карвахал, Валверде, Васкез, Азар.

БОРУСИЈА Д. – МАНЧЕСТЕР С. 

БОРУСИЈА Д: Хитц, Мури, Аканџи, Хумелс, Гереиро, Емре Чан, Дахуд, Билингем, Ројс, Халанд, Азар.

Отутни: Загаду, Санчо, Муококо.

МАНЧЕСТЕР С: Едерсон, Вокер, Стоунс, Диаш, Кансело, Де Бруине, Родри, Гиндоган, Марез, Жезус, Фоден.

Отсутни: /

Се вчитува...