Бесар Гуџуфи од младинските категории на турскиот гигант Бешикташ, следните шест месеци ќе ги мине на позјмица во Шкупи. Трансферот го најави ЕКИПА уште пред неколку дена.
Гуџуфи беше дел од младинските категории на Вардар, а потоа замина во Беласица, од каде во 2021 година му се приклучи на Бешикташ. Иако беше пријавуван за настап во турската Супер лига, Гуџуфи настапи за „црно-белите“ само во младинскиот тим.
„Се чувствувам одлично што станав дел од Шкупи и моето доаѓање во овој клуб е поврзано со љубовта кон него и навивачите кои ги има. Тимот конкурира за титулата и Купот, и би сакал да помогнам да ги оствари целите. Сега се приклучив во тимот во Анталија, одлично сум примен, и сега останува добро да се подготвиме и да ги радуваме навивачите во пролетниот дел“, изјави 19-годишниот Гуџуфи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА