Клаузулите за откуп се сè почести во современиот фудбал и често се поставени над реалната вредност на фудбалерот во моментот на потпишување на договорот. Сепак, во случајот со Антоан Семењо, 75 милиони евра за кои може да се потпише во првите десет дена од јануари изгледа како одлична зделка.
25-годишниот играч на Борнмут игра многу добро и на десната и на левата страна од теренот, а само Ерлинг Халанд и Игор Тијаго, двајцата напаѓачи, го надминаа крилниот напаѓач во Премиерлигата оваа сезона.
Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем се тимовите кои веднаш започнаа вистинска војна за потписот на овој одличен фудбалер.
Според информациите што се појавија, клаузулата на Семењо е активна од 1 до 10 јануари, а се очекува тој да биде претставен во својот нов клуб на почетокот на следната година.
Според информациите од „Гардијан“, тој избрал помеѓу четири клуба што го сакаат и сака да ја продолжи кариерата на „Енфилд“, во дресот на Ливерпул.
„Јунајтед се натпреварува со Ливерпул и Манчестер Сити за да го потпише Семењо од Борнмут на почетокот на јануари, но напаѓачот е за трансфер во Ливерпул“ – пишува Гардијан.
Но, Сити и тоа како ќе ја продолжи трката за негов потпис. Гвардиола очајно бара играч кој ќе го преземе товарот на постигнување голови од Ерлинг Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

