Најбизарната петорка во историјата на кошарката

Денвер Нагетс во првиот подготвителен натпревар во Орландо играа со само осум кошаркари од кои дури седум беа на центарските позиции. Единствен бек во тимот беше Трој Дениелс бидејќи останатиот дел од кошаркарите поради различни причини мораа да го  пропуштат првиот дуел.

Поради тоа тренерот Мајк Мелоун мораше да импровизира, па во стартната постава видовме дури пет високи кошаркари. Првата ѕвезда на тимот Никола Јокиќ играше како плејмејкер, а петорката ја соичинуваа и Џереми Грант, Бол Бол, Пол Милсап и Мејсон Пламли.

„Мислам дека ова вечерва беше највисоката петорка во историјата на кошарката“, накратко изјави Мелоун. 

Се вчитува...