Најбогатата понуда за Алиоски, сепак, доаѓа од Русија

Оптимизмот меѓу раководството на Лидс дека ќе биде потпишан нов договор со Езгијан Алиоски се повеќе се намалува откако неколку клубови испратија богати понуди за да го доведат левиот бек на македонската репрезентација.

Фенербахче му се приклучи на Галатасарај во трката по Алиоски, но најбогатата понуда за асот на Лидс пристигнала од Русија, и тоа од раководството на повеќекратниот првак на оваа земја – ЦСКА Москва. Челниците на ЦСКА подготвуваат ремонт во тимот, неодамна се разделија и од тренерот Ивица Олиќ, а Алиоски како квалитетен, но истовремено и слободен играч без отштета, делува како идеално засилување за овој клуб.

Британските медиуми тврдат дека понудата од ЦСКА до Џани изнесувала 2,5 милиони евра по сезона, што е далеку повисока сума од онаа што Лидс му ја понудил за нов договор. Според истите извори, веќе и на Марсело Биелса му станало јасно дека нема шанси да го задржи Алиоски, па Лидс ја интензивирал потрагата по нов лев бек.

Се вчитува...