Најбогат тенисер на сите времиња е кумот на Лепа Брена, има шест пати повеќе пари од Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ досега на тенискиот терен во кариерата заработил 153 милиони долари, иако во историјата на тој план му нема рамен. Сепак, тоа не значи дека тој е најбогатиот човек кој некогаш се занимавал со овој спорт.

Вистинските љубители на тенисот многу добро знаат дека тоа место со години го држи Јон Циријак, можеби единствениот милијардер во „белиот спорт“ (наскоро се очекува на таа листа да се најде и Роџер Федерер). Ѓоковиќ во кариерата има освоено 86 АТП трофеи (од нив 20 на Грен слем турнири), а се проценува дека има околу 220 милиони евра плус од спонзорските договори.

Циријак е романски бизнисмен кој е кум на Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ. Денеска има 81 година, а во двојки освои вкупно 22 трофеи (заедно со еден во сингл), а најзначаен е секако освоениот на Ролан Гарос (1970). „Булдожерот од Брашов“ за време на својата играчка кариера инкасирал околу 220.000 евра.

Циријак работел како тренер, па соработувал и со Настасте, Виљас и Бекер. Тој се уште е еден од сопствениците на турнирот кој се одржува во Мадрид, на кој со години беше голем реформатор. Успеал да заработи големи пари со паметна инвестиција, па пред крајот на Студената војна ја искористил страшната ситуација во Романија и потоа ја изградил првата приватна банка, која постигнала огромен успех и му донела неочекувано големи суми на пари. Тој не застанал тука, па до 2007 година стана, според „Форбс“, првиот романски милијардер. До ваквата заработка успеал да дојде со инвестирање во малопродажба, осигурување, и авиокомпании.

„Го имам секое Ферари што излезе. Го имам секој мерцедес што го составија, сите јагуари се мои, ги имам и сите модели на Порше што тие ги дизајнираа“, изјави Циријак во една прилика.

Се вчитува...