НАЈЧИТАНО ВО 2018… Илчо Ѓорѓиоски заминува од ФФМ, добива функција во УЕФА

НАЈЧИТАНО ВО 2018…

Издвојувајќи ги најчитаните текстови на ЕКИПА за изминатава 2018 година уште едно потсетување за најзначајните настани, моменти, информации кои ја одбележаа годината која заминува…

======================================================================================

Актуелниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски наредниве денови се очекува и официјално да го соопшти повлекувањето од челната позиција на Фудбалската федерација на Македонија. Како што дознава ЕКИПА, Ѓорѓиоски од следниот месец се сели во УЕФА добивајќи функција во кабинетот на претседателот Александар Чеферин како негов советник.

Ѓорѓиоски, со поканата во иднина да биде директно во кабинетот на првиот човек на УЕФА, добива силна потврда на досегашното менаџирање со ФФМ, а Фудбалската федерација на Македонија наскоро се очекува да добие нов предводник. Својата одлука за повлекување од челната функција на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски се очекува утре да им ја соопшти и на членовите на УО на ФФМ на закажаниот состанок од 12 часот.

Илчо Ѓорѓиоски изминативе шест години беше прв човек на ФФМ, како четврти претседател во независна Македонија по Љубисав Иванов – Ѕинго, Љамбе Арнаудов и Харалампие Хаџи-Ристески.

Најавите се дека нов предводник на ФФМ ќе се избира на редовното Изборно собрание предвидено за почетокот на следната година. Како едни од најсериозните имиња за наследник на Ѓорѓиоски се истакнуваат имињата на Вујадин Станојковиќ, Влатко Костов, поранешниот претседател Хари Хаџи-Ристески како и Сашко Тасев.

Се вчитува...